Како изгледа родово-базираната дискриминација?

Нашето најново истражување за состојбата со родово-базирана дискриминација и работничките права во Северна Македонија утврди дека жените се соочуваат со повеќекратна дискриминација, почнувајќи од процесот на вработување, преку дискриминирачки прашања за време на интервју за работа, а потоа и на работното место, преку помала плата за иста работа, непочитување и прекршување на правото за породилно отсуство, прекинување на договорите за работа за време на бременост и породилно отсуство, како и сексуално вознемирување на работното место.
На Меѓународниот ден на трудот, 1 мај, повикуваме да се преземат мерки за заштита на работничките и работниците од дискриминаторските практики и прекршување на работничките права и да се овозможи остварување фер и овозможувачка работна средина за сите работници.
Повеќе за родово-базираната дискриминација на пазарот на труд во нашата држава, прочитајте во нашата студија: https://bit.ly/3F73HNx