Невидливи жени: Ромките во РСМ испречени пред системски бариери

На 08.04 се одбележа Меѓународниот ден на Ромите. Но, со какви се предизвици и препреки се соочува ромската популација во Македонија, а особено Ромките кои доживуваат повеќекратна (етничка, класна и родова) дискриминација?
Овие жени се невидливи за институциите, маргинализирани на пазарот на труд, заборавени од здравството и исклучени од образовните и социјалните политики.
🔹 Ромките заслужуваат достоинствена вклученост во општеството, остварување на финансиска независност и сигурно и квалитетно домување.
📊 Извор: Анализа на состојби направена за потребите на процесот на проширување на ЕУ (2025) – Реактор, Коалиција Маргини / Coalition Margins & Здружение ЕСЕ.