Од регионални приоритети до национални реформи: Берлинскиот процес и Реформската агенда на С. Македонија низ призмата на родовата еднаквост

Реформската агенда (2024–2027) ја спроведува рамката на Берлинскиот процес и Планот за раст на ЕУ, поврзувајќи ги реформите со пристапувањето кон ЕУ и финансиската поддршка. Таа предвидува 37 реформи и 136 мерки што треба да се спроведат помеѓу декември 2024 и август 2027 година во пет приоритетни области:
🔹 управување и јавна администрација
🔹 енергетска и дигитална транзиција
🔹 човечки капитал
🔹 развој на приватниот сектор и
🔹 владеење на правото
Интегрирањето на родовата перспектива се споменува низ документот, но обврските се ограничени и нерамномерни.
РА ја претставува РСМ како релативно напредна во законодавството и имплементацијата во областа на родовата еднаквост. Сепак, оваа оценка е во остра спротивност со Извештајот за земјата за 2025 година на Европската Комисија, кој утврди дека нема значителен напредок во националната политичка рамка за интегрирање на родовата еднаквост ниту во напорите за усогласување со правото на ЕУ и релевантните меѓународни стандарди.
Клучните структурни реформи остануваат закочени, како што е долгоочекуваниот Закон за родова еднаквост и новиот Закон за работни односи, додека имплементацијата на Стратегијата за родова еднаквост е слаба. Во исто време, анти-родовите и анти-демократските движења го засилуваат нивното влијание, дополнително попречувајќи го законодавниот и политичкиот напредок.
🔗 Прочитајте повеќе: https://bit.ly/bpranm