Патот до напредок е често исполнет со сопки и препреки. Таков е случајот и со тековната борба за еднакви права и целосно прифаќање на ЛГБТ+ луѓето низ целиот свет.
Зависно од тоа кои социјалните медиуми и портали ги следиме, може да ни се причини дека постои глобална освестеност и поддршка за Месецот на гордоста, но реалноста е далеку покомплексна. Според најновиот извештај за ЛГБТ+ гордоста на Ипсос за 2025, поддршката за ЛГБТ+ луѓето навистина опаднала од последното глобално истражување во 2021.

Она што ни се виде особено интересно е изразениот јаз во мислењата и поддршката присутна кај жените и девојките од Gen Z* наспроти оние на мажите и младите момчиња, без разлика дали станува збор за закони против дискриминација или поголемо присуство на ЛГБТ луѓе во културните содржини.

Десничарските политики и штетните и лажни вести на антиродовите застапувачи во моментов не ветуваат поголемо прифаќање и поддршка за предизвиците со кои се соочуваат ЛГБТ+ луѓето. Токму затоа е важно да се бориме за нивните права и видливост уште порешително.

Извор: Ipsos LGBT+ Pride Report 2025. База: 19.028 лица на 18-74 годишна возраст во Канада, Република Ирска, Јужна Африка, Турција и САД, на 20-74 год. возраст во Тајланд, 21-74 год. во Сингапур и 16-74 год. во сите други земји, анкетирани помеѓу април 2025 и 9 мај 2025.
* Gen Z (Генерација Зет) се лица родени помеѓу 1996-2012

Ванчо Џамбаски