#Проширувањенаизборот

Усвојувањето на одредбите на Директивата на ЕУ за рамнотежа помеѓу работата и животот во Северна Македонија ќе помогне за унапредување на учеството на жените во работната сила притоа подобрувајќи ја родовата еднаквост во домот и на работното место. Сметаме дека е неопходно националната легислатива да се усогласи со оваа Директива и институциите да овозможат применливост на одредбите!
Оваа кампања се стреми кон #проширувањенаизборот преку политики ориентирани кон семејството, како важен чекор кон ставање крај на родово-базираната дискриминација на работното место и унапредување на женските работнички права. Оваа кампања е поддржана од УНФПА, финансирана од Австриската агенција за развој, и од ЕУ, кофинансирана од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка.