Родов Реактор и Родов Индекс во фокус

На Светскиот ден на статистиката, во фокус ги ставаме нашите веб платформи – Родов Реактор и Родов Индекс.
Тимот на Реактор тековно работи на обнова на овие платформи, а најновите податоци и мерења ќе бидат промовирани во наредните месеци.
🔴 Родов Реактор е замислен како динамичен простор којшто на едно место ги собира сите родово-расчленети податоци што се клучни за разбирање и унапредување на родовата еднаквост во земјава. Со него добиваме јасна слика за положбата на жените и мажите во С. Македонија и за системските нееднаквости кои најчесто се на товар на жените.
🔵 Родовиот индекс, пак, ја мери положбата на жените и мажите во различни сфери од живеењето, пристапот до јавни услуги и напорите на општините за родово одговорни политики. Првото мерење на 81 општина беше извршено во 2016, па во 2021, а во тек е обработката на податоците од третото мерење.
❗️ Родово расчленетата статистика е неопходна алатка што ни дава увид во тоа како живеат мажите и жените, девојчињата и момчињата, во сите нивни различности во едно општество.
Истовремено, родовата статистика треба да ни помогне да оцениме дали нештата се менуваат со текот на времето и дали нашите напори, преточени во јавни политики резултирале со намалување на нееднаквостите.