Родот во изборната кампања 2020

Податоците укажуваат дека бројот на застапени жени во изборната кампања за предвремените парламентарни избори во 2020 година е драстично понизок од бројот на застапени мажи. Во пресрет на локалните избори оваа 2021 година, апелираме за поголема вклученост на жените, како во кампањата, така и во изборните и кандидатските листи, но и посветени програми кои ќе ги адресираат предизвиците со родовите (не)еднаквости на локално ниво.