Телата на жените не се демографски алатки.

На Светскиот ден посветен на менталното здравје потсетуваме: телата на жените не се демографски алатки.
Речиси 1 од 5 жени се соочува со перинатални предизвици на менталното здравје,* а во нашата земја сè уште нема системска поддршка и грижа за нив.
Затоа пред да зборуваме за наталитетот, да зборуваме за основната грижа – за институционалната, здравствена и психолошка поддршка која ќе им овозможи на мајките да се чувствуваат безбедно, поддржано и слушнато.
📊 Во наредниот период, Реактор преку проектот „Кој се грижи за женското ментално здравје во перинаталниот период?“ ќе истражува и зборува за перинаталното ментално здравје, со цел да ја покрене свеста кај надлежните институции и јавноста за неговата важност во однос на благосостојбата на жените. Проектот е финансиран од Француското Министерство за Европа и надворешни работи.
_____________
* извор: УНИЦЕФ. (2023). „Влијанието на пандемијата со Ковид-19 врз перинаталното ментално здравје кај жените во Северна Македонија”.