
Во Северна Македонија, еднаквото учество на жените во изборните процеси и понатаму останува повеќе нормативна обврска отколку реалност, особено на локално ниво каде политичката моќ е претежно доминирана од мажи. Иако законските квоти обезбедуваат присуство на политичарките на кандидатските листи, тие ретко се преведуваат во реалност, што укажува на суштинска, а не само формална нееднаквост.
Недискриминацијата во изборниот контекст често е системски нарушена преку неформални практики, селективна примена на правилата и партиски структури што ги репродуцираат родовите стереотипи и ја маргинализираат политичката автономија на жените. Иако законските квоти обезбедуваат формално зголемување на нивната застапеност, жените честопати се поставуваат на пониски позиции на кандидатските листи, што ја ограничува нивната шанса за избирање и нивното влијание, додека внатрепартиските структури и културните бариери продолжуваат да создаваат нерамноправни услови за учество.
Ова директно го поткопува демократскиот карактер на изборите и ја ограничува слободата на политичко изразување на жените. Без интегрирање на родовата перспектива во сите фази на изборниот циклус, изборите не можат да се сметаат ниту за целосно демократски, ниту родово одговорни.
Што мислиме кога велиме родово одговорни избори? Прочитајте повеќе во нашата публикација насловена „Мапирање на правната рамка за родово одговорни избори“: https://reactor.org.mk/…/%d0%bc%d0%b0%d0%bf%d0%b8%d1…/