Јавната безбедност е основно човеково право

По повод одбележувањето на 16 дена активизам против родово-базирано насилство (РБН), потсетуваме дека родово-базираното насилство и насилството врз жените и девојките претставуваат едни од најраспространетите повреди на човековите права.
Насилството може да се случи во домот, но и на јавни простори – на улица, во училиштата, на работните места – и може да се манифестира на многу различни начини.
Затоа уште еднаш нагласуваме: јавната безбедност е основно човеково право. Потребно е активно вклучување и проактивен пристап од сите релевантни чинители, со цел системски да се надминат слабостите кои дозволуваат насилството да поминува незабележано или несанкционирано.
Жените мора да можат непречено и автентично да ги живеат јавните простори – слободно да се движат, да учествуваат, да создаваат и, пред сè, да се чувствуваат безбедни.