Ана Бојчевска Митревска

Позиција: Истражувачка

Ана е координаторка за истражувања во Реактор – Истражување во акција од 2022 година. Нејзиниот фокус на работа е во унапредување на родовата еднаквост во процесите на донесување одлуки, безбедност и насилство врз жени, вклучување на жените на пазарот на трудот, како и поддршка на политики и мерки за згрижување на деца кои би го подобриле балансот помеѓу работата и приватниот живот на младите мајки. Исто така, вклучена е во проекти за праведна транзиција кон обновливи извори на енергија, меѓу другото истражувајќи ги и родовите динамики при спроведувањето на зелената агенда.

Експертизата на Ана е во квантитативни и квалитативни истражувања, со докажано искуство во анализа на податоци, известување на наоди и застапување засновано на докази за подобрување на родовата еднаквост во Северна Македонија. Во 2016 година дипломира на Институт за психологија на Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Оттогаш, гради успешна истражувачка кариера која вклучува и работно искуство во Ипсос Скопје и Ипсос Белград, каде што работи на истражувања на јавното мислење поврзано со социјални политики, насилство врз жени и животните искуства на маргинализираните заедници.

Покрај нејзината улога во Реактор, Ана е и Гешталт психотерапевтка, со особен интерес во начинот на кој општествените норми и очекувања влијаат врз животните искуства и менталното здравје на младите жени и мајките во раниот постпартум период, а работата со оваа популација има за цел градење капацитети за самоподдршка и резилиентност во различните животни ситуации.

E-mail: ana.b@reactor.org.mk