Кире е истражувач со фокус на трудот, социјалните движења и развојот. Неговата аналитичка работа опфаќа трансформативното влијание на глобалните економски процеси, пристапот до правда и условите за трудот.
Неговата експертиза вклучува квантитативни и квалитативни истражувања, мониторинг на политики и застапување засновано на докази. Има работно искуство во јавниот и приватниот сектор, каде што се ангажирал на различни позиции поврзани со човековите права и институционалните реформи. Како член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, се фокусираше на воспоставување на институцијата како и подобрување на механизмите за правна заштита и унапредување на антидискриминациските политики.
Кире поседува магистерска диплома по Европски студии од Универзитетот во Фленсбург, Германија, како и магистерска диплома по Труд, активизам и развој од Универзитетот во Лондон, Школа за ориентални и африкански студии (SOAS).
Email: kire@reactor.org.mk