Позиција: Помлада истражувачка
Јана се приклучи во тимот на Реактор во 2024та година. Таа работи како помлада истражувачка, учествува во спроведување на истражувањата и во нивната квалитативна анализа. Таа исто така е одговорна за спроведување на оперативни и комуникациски активности.
Родена е во 1999та во Скопје. Таа дипломираше на Универзитет Утрехт во 2020та година, во насока на меѓународни односи и религиозни студии. Пред да почне со работа во Реактор, Јана стекна искуство во проекти за младинско учество, неформално образование и сексуално и репродуктивно здравје и права.
Email: jana.d@reactor.org.mk