Александра Ристеска

Позиција: Веб-девелоперка

Александра работи во Реактор како Веб програмерка и е одговорна за планирање, развивање, одржување и проширување на веб проектите. Заедно со тимот на Реактор учествува во создавање на идејни решенија и нивна имплементација во веб проектите.

Александра е родена во 1988 година и е дипломиран инженер по компјутерски науки и информатички технологии. Таа сака да го надградува своето знаење во областа на информатичките технологии, а одмара со компјутерски игри, филмови, музика и ужива во времето поминато со нејзиното куче Патрик.

E-mail: aleksandra@reactor.org.mk