Ана Азгоур

Позиција: Грант менаџер

Ана се приклучува кон тимот на Реактор во 2021 година како Грант менаџер.

Нејзиното претходно искуство е во две главни области: финансии и човечки ресурси. Најголем дел од работното искуство го стекнала во Лондон, Велика Британија, каде што работела во глобално застапена менаџмент консултантска компанија. Нејзиното работно искуство во граѓанскиот сектор е на позиција Координаторка за финансии и администрација, каде што била вклучена во процесите на субгрантирање преку проекти финансирани од ЕУ.

Ана е дипломиран економист на Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје, на одделот за Финансиско-сметководствен менаџмент, како и Магистер за меѓународен бизнис на Универзитетот на Источен Лондон.

Ентузијаст за жива и готвена веганска храна, Ана го креирала првиот македонски блог на оваа тема, Сурово и вкусно. Како мајка на два сина и една ќерка, таа секојдневно жонглира и ги менаџира потребите и барањата за родова еднаквост во домот.

E-mail: ana@reactor.org.mk