Гаја Смилевска

Позиција: Помлада истражувачка

Гаја е дел Реактор од 2025та година, се приклучува на тимот како јуниор истражувач кои се фокусира на квантитативна и квалитативна анализа.

Во 2025та година дипломира од оддел за психологија на Универзитет Американ Колеџ Скопје. Во текот на студиите има стекнато искуство со волонтирање на многубројни културни евенти и манифестации.

Покрај истражувачката дејност, Гаја е објавен автор и визуелен уметник кој долгогодишно се бави со илустрација на книги и стрипови, и вон работно време може да се најде на стрип фестивали или пак на загреано столче пред тетратка.