Душица Лазова

Позиција: Истражувачка и координаторка за комуникации

Душица Лазова станува дел од тимот на Реактор во 2025, работејќи на пресекот на комуникации – одговорна е за водење на социјалните мрежи – и истражување, примарно во квалитативната анализа.

Во 2019, Лазова дипломира на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при УКИМ во Скопје. По студиите работи како демонстраторка по англиска книжевност на факултетот. Во 2024, магистрира на програмата род и медиуми на Универзитетот Сасекс во Обединетото Кралство како Чивнинг стипендистка.

Покрај работата во Реактор, таа е уредничка на феминистичката платформа „Медуза“ и се занимава со истражување, пишување и преведување во областите на дигиталната хуманистика и феминистичките и квир културни практики и изведувачки уметности.

E-mail: dushica@reactor.org.mk