Ирина Јолевска

Позиција: Проектна координаторка

Ирина се придружува на тимот на Реактор во 2021 година како координаторка на проекти во полето на родовата еднаквост и нејзиното унапредување во процесот на пристапување во ЕУ.

Таа е магистер по меѓународно право, меѓународни односи и право на ЕУ. Своето образование го завршила на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Има дополнително образование по компаративни студии на конфликти, со акцент на жените, мирот и безбедноста. По завршувањето на студиите, работела како стручен соработник, а потоа и како адвокат во адвокатско друштво во Скопје, обезбедувајќи правна помош во повеќе области на правото, вклучително и во областа на човековите права и родовата еднаквост.

Своето приватно време сака да го поминува во природа, на долги прошетки со своето енергично куче. Покрај тоа, ужива да чита, да гледа театарски претстави и да посетува концерти и музички фестивали.

E-mail: irina@reactor.org.mk