Марија Башевска

Позиција: Претседателка

Марија Башевска е претседателка на Реактор – Истражување во акција од декември 2016 година.

Марија има тринаесетгодишно професионално искуство во истражување, анализа и придонес во политики и процеси, предавање и застапување во граѓански организации и академија. Работи на интердисциплинарни истражувања на национално и регионално ниво кои може да се групираат во областите род, економија и развој. Има повеќегодишно искуство во управување со проекти и истражувања со фокус на економија и пазар на труд, неплатена работа и економија на грижа, социјална економија и политики, родово-базирана дискриминација, насилство врз жени, родова перспектива во ЕУ интеграциите и политичко учество. Нејзиното работно искуство вклучува и соработка со универзитети и истражувачки центри од Европската Унија и Обединетото Кралство, како и експертски ангажмани со меѓународни организации во областа на јавните политики од родова перспектива и социјална економија.

Нејзината претходна работна позиција во Реактор е како истражувачка на проекти поврзани со социјална и феминистичка економија, родова перспектива во ЕУ интеграциите и социјални и економски права на ранливи групи граѓани.  Пред да се приклучи на тимот на Реактор таа има работено на приватни академски образовни установи во земјата во областа на економските науки.

Марија има завршено додипломски студии на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” Скопје, Македонија, постдипломски студии на Економскиот факултет на Универзитетот Тор Вергата во Рим, Италија (стипендистка на Италијанската Влада и Универзитетот), како и втори постдипломски студии на програмата Род и развој на Институтот за развојни студии и Школата за глобални студии на Универзитетот Сасекс во Обединетото Кралство (Чивнинг стипендистка).

Таа има повеќегодишно волонтерско учество во неколку грасрут иницијативи посветени на социјална правда, јавни простори и јавни добра.

Се залага за родово, социо-економски и еколошки праведни општества.

E-mail: marija@reactor.org.mk