Маја Тодоровска

Позиција: Координаторка на финансии

Маја се приклучува на тимот на Реактор во 2021 година како Координаторка на финансии.

Таа е дипломиран економист на Универзитетот Св.Кирил и Методиј – Скопје, на одделот Менаџмент.

Нејзиното професионално искуство вклучува одговорни задачи во финансиски и административни оддели на реномирани компании во банкарско-финансискиот сектор во Република Северна Македонија. Додека нејзиното работно искуство во ѓраѓанскиот сектор е на позицијата Асистент за финансии и администрација, која и отвори една нова перспектива во однос на водењето на финансиите, како неопходна поддршка на програмските компоненти што ги имплементира организацијата.

Своето слободно време го поминува со нејзината ќерка, со која сакаат заедно да возат велосипед, да шетаат во природа и да јадат сладолед.

`E-mail: maja@reactor.org.mk