Тања Иванова

Позиција: Претседателка

Тања Иванова е истражувачка со повеќе од 25 години искуство во различни области. Во тимот на Реактор се приклучи во 2020 година, прво како програмска координаторка, а кратко потоа беше назначена за претседателка.

Пред да се приклучи на тимот на Реактор, Тања беше дел од Ипсос, глобално препознаена компанија за истражувања, каде работеше како менаџерка за истражувања, специјализирана за квалитативни истражувачки техники и водење на регионални и меѓународни квантитативни истражувачки проекти. Во текот на скоро тринаесет години во Ипсос, таа имаше можност да се вклучи во стотици различни проекти како тим лидерка, раководителка на проекти и постара истражувачка и аналитичарка. 

Во фокус на нејзините истражувачки искуства се општествени, економски и јавни прашања и теми кои вклучуваат проценка на политики, граѓанско учество, политичка партиципација, добро управување, образование, млади и родова интеграција, економија на грижа, родово-базирано насилство, Роми и други маргинализирани групи.

Нејзините претходни работни искуства со различни работодавци (јавен и приватен сектор и меѓународни организации) вклучуваат истражувања, аналитика, управување со проекти, односи со јавност, маркетинг и комуникации, обуки, како и спроведување на проекти финансирани од ЕУ (ЕАР) (2001-2007).

Тања студираше Англиска филологија на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Св.  Кирил и Методиј“ во Скопје. Таа, исто така, има поминато низ бројни програми за професионална обука кои опфаќаат различни области поврзани со истражувања и аналитика, раководење со проекти, комуникации во ЕУ и техничка помош од ЕУ, социјални, економски и деловни работи, маркетинг и брендирање, како и други сродни теми од важност за тековните задачи и должности. 

Во моментов, Тања е Чивнинг стипендистка (MA Participation, Power and Social Change, на Универзитетот Сасекс – IDS), а ги завршува и магистерските студии по јавни политики на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје.

E-mail: tania@reactor.org.mk