На 14ти февруари 2013 Реактор се приклучи на огромниот број активистки, писателки, жени и мажи во повеќе од 160 земји од светот кои го изразија своето незадоволство преку протест и танцување, и кои застанаа против неправдите со кои се соочува жената и побараа да се стави крај на насилството против жените.
ONE BILLION RISING започна како повик за акција врз основа на поразителниот податок дека 1 од 3 жени во светот ќе биде претепана или силувана во текот на нејзиниот живот. Ако земеме предвид дека вкупното светско население е 7 милијарди, тоа значи дека повеќе од една милијарда жени и девојки ќе бидат жртви на родово базирано насилство. На 14ти февруари 2013 Реактор се приклучи на огромниот број активистки, писателки, жени и мажи во повеќе од 160 земји од светот кои го изразија своето незадоволство преку протест и танцување, и кои застанаа против неправдите со кои се соочува жената и побараа да се стави крај на насилството против жените.
“Кога го почнавме V-Day пред 14 години, почнавме со неверојатната идеја дека можеме да ставиме крај на насилството против жените” – изјави Ив Енслер, писателката која го основаше ова движење. “Сега сме изненадени и пресреќни што оваа глобална акција се прошири и зема сила, со помош на синдикати, парламентарки и парламентарци и жени од најразлични профили кои и се приклучија на кампањата. Кога ќе се споиме на 14ти февруари 2013 да побараме крај на насилството против жените и девојките, тоа навистина ќе биде глобален глас кој ќе одекне низ целиот свет.”
За да дознаете повеќе за кампањата, посетете ја веб страницата One Billion Rising.
* Фотографијата е искористена со дозвола на авторот Виктор Поповски.