Иницијатива „Сончеви училишта“

Донатор: OSF Macedonia
Времетраење:

Иницијативата „Сончеви училишта“ ги вклучува државните училишта и единиците на локална самоуправа во процесот на транзиција кон чиста и обновлива енергија, конкретно соларна енергија, преку користење на фотоволтаична технологија.

Реактор ја води истражувачката компонента од проектот со спроведување на истражување во 8 основни и 4 средни училишта во четири општини: Бутел, Чаир, Берово и Штип во две фази – пред и по инсталацијата на соларни панели на покривите во училиштата кои влегуваат во експерименталниот примерок. Целта е да се провери дали фотоволтаичните инсталации и едукативните активности за важноста на зелената енергија ќе имаат влијание врз задоволството од училишната околина и процеси, како и врз ставовите поврзани со зелената енергија. Двата брана на истражувањето ќе опфатат до 1760 ученици, 1320 родители и 400 наставници.

Иницијативата е поддржана и спроведена од Фондацијата Отворено Општество во Западен Балкан и Фондацијата Отворено Општество во Северна Македонија. Едукативниот дел од проектот го спроведува Националниот Младински Совет на Македонија. Оваа иницијатива истовремено се спроведува во Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Косово и Србија.