Во рамките на овој проект се разгледуваат причините за ниското учество на жените на пазарот на труд преку сеопфатна студија на оваа тема. Почетната точка за оваа студија беа високите стапки на економска неактивност кај жените во Македонија кои покажуваат дека жените се ставени во значително неповолна положба на пазарот на труд во споредба со мажите. Оваа студија ги предизвикува официјално прифатените причини за економската неактивност и невработеноста кај жените, со тоа што дава докази дека ниту ниското ниво на образование, ниту придржувањето до традиционаните норми и очекувања не се главни причинители за неповолната положба на жените на пазарот на труд.
Земајќи го превид овој податок, целта на оваа студија е да допринесе кон промена на дискурсот кој доминира во јавните политики кои се стремат да ја зголемат вработеноста на жените во Македонија.