Донатор:
European Commission (through IPA)
Времетраење: ноември 2013 – април 2015
Овој проект е дизајниран со цел да ги засили напорите на граѓанските организации за адресирање и унапредување на прашањата за добро владеење со обезбедување алатки, вештини и знаење преку обука и подучување за подобрување на нивните застапувачки напори, како и со обезбедување грантови за спроведување на конкретни иницијативи. Главните цели на проектот се да се зајакне вклученоста на граѓанското општество во креирањето на јавното мислење, политиките и учеството во механизмите за донесување одлуки; и да се подобрат капацитетите на граѓанското општество за градење на своите заедници и адресирање на горливите прашања.