Правни потреби и патишта до правда

Донатор: OSF Macedonia
Времетраење: јули 2012 – декември 2012

За првпат во Македонија, ова истражување дава ексклузивен увид во проблемите со кои се соочуваат граѓаните на нивниот пат до правдата, како и нови податоци за тоа како постоечкиот систем кој на граѓаните им го обезбедува пристапот до правдата, е поврзан со пошироките цели на социјалните политики, и ги разоткрива тешките економски, социјални и здравствени последици кога системот не успева да им помогне на граѓаните да дојдат до правда.

Изданието содржи детална анализа на различните стапки на зачестеност на проблемите, како во целина, така и според секоја специфична категорија проблеми, а се анализирани и патот до правдата кој го поминуваат граѓаните кои имале правни проблеми; нивните искуства со судскиот систем; негативните ефекти на правните проблеми врз граѓаните; но, исто така, се идентификуваат и разгледуваат дел од импликациите за реформи на политиките, особено за услугите за правна помош достапни во Македонија.