Истражување за опсегот на родово-базирано насилство врз жените во Скопје: Студии на случај во Општина Центар и Општина Чаир

Донатор: UN WOMEN
Времетраење: јануари 2012 – септември 2012

Родово базираното насилство ретко се дискутира во Македонија, особено меѓу носителите на политики и носителите на одлуки. Во овој контекст, насилството врз жените на јавни места е тема на која речиси и да не се даде внимание во дискусиите за родово базирано насилство во земјата. Додека притисокот од групите за права на жените и меѓународната заедница доведоа до значителни подобрувања во законодавната рамка за семејно насилство, насилството и заканата од насилство надвор од приватната сфера остануваат недоволно истражени и затоа во голема мера неадресирани.

Студијата ги разгледува степенот и различните димензии на насилство врз жените на јавни места, фокусирајќи се првенствено на перцепцијата на жените за безбедноста и влијанието што тоа го има врз нивните животи, како и формите на насилство што го доживуваат и какви стратегии применуваат за да се справат со насилството.




Веб платформи: