Предизвици и можности за вработување на маргинализирани групи во социјални претпријатија

Донатор: Regional Research Promotion Programme
Времетраење: август 2014 – јануари 2016

Овој проект е резултат на колаборативна истражувачка работа на пет партнерски организации: „Реактор – Истражување во акција“, „Конект“ и „Паблик“ од Македонија, „Partners Albania” од Албанија и „Центар за мир и толеранција“ од Косово. Ова истражување има цел да ги разбере перцепираните предизвици и можности за вработување на маргинализираните групи од страна на социјалните претпријатија преку мапирање на моделите на социјални претпријатија во Македонија, Албанија и Косово. Нашата мотивација произлегува од постоечките докази во другите држави, дека освен придонесот кон економски раст, социјалните претпријатија нудат и можност за вработување на ранливи и маргинализирани групи.

Резултатите од оваа студија ќе помогнат во подобрување на националните политики за социјални претпријатија и ќе осигураат дека тие се врамени на начин кој ја нагласува инклузијата и вработувањето на најмаргинализираните и најранливите, обезбедувајќи дополнителни информации за тоа како да се вклучат ранливите групи со цел од приматели на помош да постанат активен дел од пазарот на труд. Дополнително, ова истражување придонесува кон зголемено знаење за социјалната економија во регионот,  социјалните претпријатија како агенти на промени и нивниот начин на функционирање во различни средини.




Веб платформи: