Зајакнување на влијанието на жените во политичките процеси

Донатор: National Democratic Institute
Времетраење: 2016 – 2017

Проектот „Зајакнување на влијанието на жените во политичките процеси“ има за цел да го зголеми влијанието и ефективноста на жените политичарки во Македонија преку дигитална платформа, која овозможува лесен и едноставен пристап до релевантни информации, како и соработка и вмрежување на жените политичарки во и помеѓу партиите, истовремено овозможувајќи им преку солидарност, соработка и размена на искуства да ги зајакнат своите позиции како во рамки на политичките партии, така и во јавната сфера. Дополнително, оваа дигитална алатка овозможува засилена соработка со организациите на граѓанското општество, размена на експертиза и заеднички иницијативи.




Веб платформи: