Проектот „Заедничка работа за чист воздух“ имплементиран од Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-Свест, Реактор – Истражување во акција, Аналитика, Центар за климатски промени, ОРТ, Македонски зелен центар и Александра Бујароска – еколошки правник, има за цел да се обезбеди поволна ситуација за проблемот со загадувањето на воздухот да се решава на сите општествени нивоа и дека пристапот до чист воздух и чиста животна средина се гарантира за секој граѓанин. Темата за аерозагадувањето е актуелна во последните неколку години. Таа станува особено актуелна во зимските месеци кога вредностите за цврстите честички (ПМ2.5 и ПМ10) во воздухот повеќекратно ги надминуваат максималните дозволени европски и национални гранични вредности на загадување. Проектот посебно се осврнува на важноста од активна вклученост на сите чинители во општеството и особено надлежните институции во изнаоѓањето на решенија за проблемот со загадувањето на воздухот.
Заедничка работа за чист воздух
Донатор:
US Embassy
Времетраење: април 2015 – март 2016