Донатор:
OSF Macedonia
Времетраење: јануари 2011 – декември 2011
Целта на овој проект е да придонесе за зголемување на бројот на вработени млади во Македонија, преку креирање на предлог политики базирани на докази, подигање на свеста кај младите за важноста за влез на пазарот на трудот во порана возраст, како и поддршка на младинските организации во дијалогот со властите, преку сеопфатно истражување за невработеноста на младите; локални дебати; креирање на политики за невработеноста кај младите; градење на капацитетите на младинските организации и утврдување на мрежа на младински застапници; и подигање на свеста кај младите во локални младински клубови низ целата земја.