Вклучување на родовата перспектива во процесот на пристапување во ЕУ, Извештај за проценка на земјата

Патот на Северна Македонија кон Европската Унија (ЕУ) е прилично долг. Идентификувана како потенцијален кандидат за членство пред дваесет години, Северна Македонија беше првата земја во регионот што ја потпиша Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА), кој е на сила од 2004 година. Истата година земјата поднесе барање за членство во ЕУ и ѝ беше доделен кандидатски статус во 2005 година. Уште од 2009 година, Европската комисија (ЕК) континуирано препорачува отворање на преговорите со Северна Македонија. Договорот од Преспа потпишан во 2018 година, веројатно ја одведе земјата чекор поблиску до нејзината интеграција во ЕУ и во 2020 година Европскиот совет ја одобри одлуката за отворање на преговорите за членство. Сепак, овој процес беше дополнително оспорен кога соседна Република Бугарија се спротивстави на почетокот на преговорите за членство истата година.

Година на издавање: 2024