Има ли земја за жените? – Родова анализа за сопствеништво на имот

Оваа родова анализа нуди сеопфатен преглед на родовите разлики поврзани со поседувањето имот во Северна Македонија и навлегува во родовите стереотипи кои го ограничуваат пристапот на жените до имот, нормативните услови кои одржуваат нееднакви практики на наследување и социо-економските нееднаквости, кои делуваат како бариери за пристапот на жените до имот и стекнувањето имот. Исто така, има за цел да ги истакне потенцијалните недостатоци во правната рамка и нејзината практична имплементација, обезбедува административни податоци за сопственоста поделени по род и ја истражува улогата на родот во трансакциите со недвижности и оставинските постапки.

Година на издавање: 2024