Честите проблеми со менталното здравје како што се депресијата и анксиозноста се главни фактори што придонесуваат за глобалното оптоварување со болести. Пред пандемијата предизвикана од КОВИД-19, истражувањата проценуваа преваленција на анксиозност и депресија до 20,8 %, при што само анксиозноста достигнуваше 28,8 %. Истражувањето наведено во студијата на УНИЦЕФ за менталното здравје на адолесцентите и нивните старатели за време на пандемијата укажува на тоа дека жените имаат тенденција да пријавуваат повисоки стапки на депресија и анксиозност во споредба со мажите.