Анализата од родов аспект на кандидатските листи за градоначалници и резултатите од редовните локални избори на РСМ во 2021 година дава преглед на структурата и застапеноста на жените и мажите на кандидатските листи поднесени од партиите или граѓаните, а потврдени од Државната изборна комисија, од една страна, и структурата на избраните носители на функција по завршувањето на изборите, од друга страна. Притоа, оваа анализа става пред сè акцент на позицијата на жените кандидатки и избрани градоначалнички, имајќи ја предвид особено неповолната положба на жените кога станува збор за изборот на градоначалнички на општините.