Оваа анализа е изработена во рамки на проектот „Воспоставување на мултипрофесионална превенција на родово-засновано насилство, работа со сторители преку пристап фокусиран на безбедноста на жртвата и советување на мажите во Република Северна Македонија“, а се фокусира на тековната состојба и на потребата за центри за советување на мажите во Република Северна Македонија, со посебен осврт на состојбата поврзана со родово-засновано насилство.
