„Родовата статистика треба да ни покаже како живеат мажите и жените, девојчињата и момчињата, во сите нивни различности во едно општество. Истовремено, родовата статистика треба да ни помогне да оцениме дали нештата се менуваат со текот на времето и дали нашите напори, преточени во јавни политики резултирале со намалување на нееднаквостите.“
Ова е краток преглед на заклучоците и препораките од родовата анализа за Родова статистика и вградување на родова перспектива во статистичкиот систем на Република Северна Македонија.
Анализата е изработена од Реактор – Истражување во акција, со поддршка на Европската унија (ЕУ) и Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида), како дел од проектот Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ.