Граѓанското учество во Република Северна Македонија со дополнителен осврт на пандемијата со ковид – 19

Наодите претставени во овој извештај се базираат на примарните податоци што се собрани преку двоетапно истражување спроведено во рамките на проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ-интеграциите“, како дел од планираните активности и од методологијата за прибирање податоци кои имаат за цел да ја унапредат позицијата на граѓанските организации во работата на секторските работни групи.

Истражувањето имаше за цел да ги измери перцепциите за граѓанските форми на организирање и учество во креирањето на политиките пред и за време на пандемијата со КОВИД-19.

Година на издавање: 2021