Жените во политиката 2: Патот до политичките функции и влијанието на локално ниво во Северна Македонија (follow-up студија)

Националниот демократски институт (НДИ), во Северна Македонија го спроведува проектотc#WoMenLead (Жените и мажите водат), кој има за цел да ги намали индивидуалните, социокултуролошките и институционалните бариери за политичкото учество на жените во земјата. Проектот е финансиран од Шведска, преку Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА), а меѓу другото има за цел унапредување на родовата еднаквост во политичките партии преку овозможување на обуки за кандидатките да се стекнат со вештини и да им се обезбеди средина со поддршка за успешно водење кампањи за застапеност на локално ниво, како и за намалување на насилството врз жените во политиката.

Година на издавање: 2023