Жените во политиката: Патот до политичките функции и влијанието на локално ниво во Македонија

Оваа студија е резултат на проектот спроведен од страна на РЕАКТОР – Истражување во акција во текот на 2014 и 2015 година, во соработка со Националниот демократски институт (НДИ) и финансиран од Амбасадата на Франција во Скопје. Главната целна проектот беше да придонесе кон подобрување на статусот на жените во Република Македонија, особено во областа на политичкото учество. Настојувавме да го оствариме ова со тоа што ќе понудиме ново знаење за нееднаквостите со кои жените и мажите се соочуваат во политичкиот и во јавниот живот, примарно преку сеопфатно истражување.

Година на издавање: 2015