Како до родово еднаква општина – Водич за општинската администрација

Со цел да ги констатираме состојбите со родовата еднаквост во Република Северна Македонија на локално ниво, изработивме Индекс на родова еднаквост на општините во Република Северна Македонија, а препораките во овој Водич произлегуваат од прегледот на состојбите кој ни го овозможи овој Индекс. Сумирано, овој Водич содржи опис на правната и законската рамка за родова еднаквост во Република Северна Македонија, образложување на Индексот на родова еднаквост на општините – што е и што покажува, како и преглед на законските механизми во општините, практични начини за мерење на состојбите, препораки за подобрување и за крај, заклучоци.

Година на издавање: 2019