Младите и пазар на труд

Во овој документ се презентирани клучните наоди од истражувањето спроведено во рамки на проектот „Невработеност на младите,“ реализиран од страна на Реактор – истражување во акција, во партнерство со Македонскиот центар за европско образование, а финансиски поддржан од страна на Европската Комисија и Фондацијата Отворено општество – Македонија. Проектот се реализираше од декември 2011 до февруари 2012, а истражувањето е спроведено на репрезентативен стратифициран примерок од 1.204 испитаници. Истражувањето е базирано на методологија развиена од страна на Меѓународната организација на трудот.

Година на издавање: 2012