Осврт на родовиот аспект во програмите и изборните листи на политичките партии за предвремените парламентарни избори 2020

Анализата од родов аспект на изборните програми и кандидатските листи на политичките партии дава преглед на родовата структура на изборните листи и проценува во колкава мера родовата перспектива е вклучена во изготвувањето на изборните програми. Вклученоста на родовата перспектива во изборните листи и политичките програми од една страна е показател за степенот на родовата еднаквост во државата, а од друга страна за севкупната заложба на партиите за унапредување на родовата еднаквост и создавање фер и еднакво општество.

Година на издавање: 2020