Помеѓу законот и праксата: Следење и анализа на институционалниот одговор на сексуалното и родово-базираното насилство во Република Северна Македонија

Сексуалното и родово-базираното насилство е системска повреда на човековите права која длабоко навлегува во животите на жените, децата и маргинализираните заедници во Република Северна Македонија. Зад секоја статистика стои конкретно искуство: страв од сторителот и од последиците на пријавувањето, недоверба во институциите кои треба да заштитат, и честопати долг и исцрпувачки пат до правдата кој самата жртва мора да го помине речиси сама. Овој извештај произлегува токму од желбата тие искуства да не останат невидливи, туку да бидат документирани, анализирани и вратени пред институциите како основа за конкретна промена.

 

Година на издавање: 2026