Родова Анализа на буџетите на општина Аеродром, Боговиње, Маврово и Ѓорче Петров

Уставниот поредок на Република Македонија ја гарантира еднаквоста помеѓу граѓаните на Република Македонија без разлика на полот, етничката припадност и на социјалниот статус. Уставот е проследен преку низа закони и акти што се темелат врз принципот на еднаквост и недискриминација и кои се применуваат како во државните институции, така и во единиците налокалната самоуправа (ЕЛС).

Единиците на локалната самоуправа во Република Македонија, според законските рамки, имаат јасно дефинирани обврски за поттикнување и за унапредување на родовата еднаквост помеѓу жените и мажите на локално ниво. Законот за еднакви можности наведува дека „единиците на локалната самоуправа во рамките на своите надлежности се должни да ги утврдуваат и унапредуваат еднаквите можности и да го почитуваат принципот на еднакви можности при усвојувањето мерки и активности што се потребни за воспоставување на еднаквите можности“. Обврските на ЕЛС вклучуваат нормативни и посебни мерки што ја забрануваат дискриминацијата врз основа на полот и ја поттикнуваат родовата еднаквост.

Година на издавање: 2016