Родово-базирана дискриминација и работнички права во Северна Македонија (II)

Овој извештај ја истражува родово-базираната дискриминација и работничките права во Северна Македонија (СМ), како дел од регионалната иницијатива за осврт врз родово-базирана дискриминација во шест земји од Западен Балкан, поддржана од Европската Унија (ЕУ) и кофинансирана од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Swedish International Development Cooperation Agency, Sida). Истражувањето се стреми да обезбеди информации за недостатоците во релевантната законска рамка; присутноста и природата на родово-базираната дискриминација во врска со работните односи; обемот во кој луѓето поднесувале претставки; и како институциите постапувале по вакви случаи.

Година на издавање: 2022