
Изработката на Индекс кој ќе ја мери родовата еднаквост во општините е идеја која во Реактор ја имавме подолго време. Конечно, успеавме да ја реализираме и да го изработиме овој Индекс како дел од проектот „Мобилизирање за родова еднаквост“ кој ја адресира константната родова нееднаквост во сите сфери во јавниот и приватниот живот во Република Македонија.
Целта на овој проект е да се препознаат добрите практики во работата на институциите, но и аспектите во кои е потребно подобрување со цел да се унапреди позицијата на жените во Република Македонија.