![](https://reactor.org.mk/wp-content/uploads/2017/05/Screen-Shot-2020-05-15-at-10.30.01.png)
Оваа веб платформа претставува сигурен простор за вмрежување на жените политичарки во и помеѓу партиите, овозможувајќи преку солидарност, соработка и размена на искуства да ги зајакнат своите позиции, како во рамки на политичките партии, така и во јавната сфера. Дополнително, оваа дигитална алатка овозможува едноставен начин на соработка со организациите на граѓанското општество, размена на експертиза и поттикнување на заеднички иницијативи.