Најновата публикација на Реактор нуди коментари на предлог Законот за млади, ги истакнува недостатоците кои тој ги содржи и нуди алтернативни решенија за подобро адресирање на проблемите со кои се соочуваат младите во Македонија.
Нашата последна публикација “Во одбрана на учеството” е резултат на учеството на Реактор во Иницијативата заодбрана на младинското учество. Иницијативата во која се вклучени 46 младински невладини организации беше основана во август 2011 година како одговор на предлог-Законот за млади што тогаш влезе во собраниска процедура. Покрај нетранспарентноста и невклучувањето на младите во изработката на законот, предлог-Законот содржи бројни контроверзни одредби кои не одговараат на потребите на младите во Македонија. Меѓу недостатоците кои ги утврдивме во предлог-законот може да се издвојат ограничувањето на младинското учество во предвидениот Национален младински совет, поставување амбициозни цели без обезбедување буџетски средства и ефективни механизми за нивна реализација, и воведување на непотребни административни оптоварувања за регистрација на младински организации.
Публикацијата “Во одбрана на учество”, која ги содржи ставовите на 46-те организации, ги идентификува главните недостатоци на нацрт-законот, ги разгледува младинските политики на меѓународно ниво и нуди истражени препораките за подобрување на процесот на изготвување на Законот за млади, како и препораки за подобро одговарање на потребите на македонската младина.
Публикацијата “Во одбрана на учеството” можете да је преземете тука.