Конкурс за доделување грантови на граѓански организации

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) објавува конкурс за доделување грантови на граѓански организации во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Проектот обезбедува поддршка за граѓанското општество за поттикнување демократски реформи. Проектот е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Целта на конкурсот е да обезбеди поддршка за граѓански организации од Република Македонија преку следните два вида грантови:

1.    Поддршка на граѓански организации кои делуваат како демократски јадра во своите заедници, коишто имаат долгорочно искуство и кредибилитет во промовирањето граѓанско учество и имаат капацитет да ги мобилизираат граѓаните и да поттикнат граѓански иницијативи (грантови во износ до 20.000 американски долари);
2.    Поддршка на граѓански организации ангажирани во надгледување на властите и застапување засновано на истражувања во следните подрачја: Собрание, владеење на правото, судство, медиуми, трошење на јавните пари, финансирање на политичките партии, политиките што се однесуваат на граѓанското општество, младински политики, родова еднаквост и усогласеност со политиките на Европската Унија (ЕУ) и апсорпција на фондовите на ЕУ (грантови помеѓу 10.000 и 30.000 американски долари).

За сите грантисти ФООМ ќе овозможи обуки и консултации врз основа на нивните специфични потреби и меѓусебно поврзување.
Со овој конкурс ќе се поддржат предлог проекти кои се иновативни и ќе постигнат видливо влијание и кои:
•    директно ги поддржуваат целите на Проектот на УСАИД за граѓанско општество;
•    покажуваат посветеност кон вклучување на граѓаните и ефективни стратегии за ангажирање или мобилизирање на граѓаните;
•    нудат креативни и ефективни стратегии за пристап до информации и придонес кон политиките;
•    применуваат, кога е соодветно, стратегиско користење на медиумите во промоција на целите;
•    промовираат интегрaтивен пристап со фокус на етникумите и родот;
•    градат партнерства и коалиции, посебно кога се обработуваат тешки реформски прашања.

Повеќе информации и материјалите за пријавување се достапни на www.soros.org.mk.